Системот за електронски информации на берзата со мобилна апликација

20.05.2014 11:46

Корисниците на мобилната апликација на СЕИ Нет ќе имаат пристап до прегледот на последните објавени информации...

Во насока на побрз и поедноставен пристап до информациите коишто ги објавуваат котираните акционерски друштва за своето работење, Македонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација на системот за електронски информации СЕИ Нет. Отсега сите објавени информации од 116 котирани друштва ќе бидат достапни преку оваа апликација, соопштуваат од Македонската берза.

Корисниците на мобилната апликација на СЕИ Нет ќе имаат пристап до прегледот на последните објавени информации, кои што може да ги подесат било по тип на објава (финансиски извештаи, собрание на акционери, други ценовно чуствителни информации итн.), или по издавач.

Оваа апликација е достапна до корисниците на Android платформата и може да се преземе преку Google Play. Во скоро време се предвидува апликација за мобилните апарати кои работат на iOS платформа.