Македонија
Постигнат договор меѓу синдикатот и раководството на УЈП
24.07.2023 13:21
Вработените во Управата за јавни приходи ќе добијат за 30 насто повисоки плати-синдикатот и раководството потпишаа колективен договор, откако Финансии даде зелено светло...

Синдикалците и раководството на УЈП си подадоа рака, вработените во Управата за јавни приходи од наредниот месец на своите сметки ќе добиваат повисоки плати за 30 проценти. Потпишан е колективниот договор меѓу „Солидарност“ и УЈП, за што е добиено позитивно мислење од Министерството за финансии.
На договорот му претходеа протести на вработените во УЈП и закана за генерален штрајк, што се закануваше да го парализира стопанството. Но, на крајот со помош на помирувачот, Илија Манасиев, се стигна до решение, прифатливо и за двете страни.
Ана Јосифовска Тодоровска
