24-годишно момче загина во сообраќајна несреќа во директен судир на автомобилот со товарно возило
Денес околу 5 часот рано наутро, се случи тешка сообраќајна несреќа во близина на Битола, кај месноста позната како „Кукуречанска раскрсница“. Регионалниот патен правец Прилеп-Ресен беше целосно затворен за сообраќај до 12 часот. Сообраќајката се случила помеѓу камион со штипски регистарски таблички и патничко возило, при што животот го загуби едно лице…

Околу 5 часот, утринава, на регионалниот пат Прилеп-Ресен, во близина на Битола, кај месноста, наречена „Кукуречанска крстосница“ се случи тешка сообраќајна несреќа. Во сообраќајката учествувале камион и патничко возило. Животот го загуби едно лице.
24-годишник е жртва во тешката сообраќајна несреќа пред битолската обиколница. Товарното возило „Сканија“ со приколка, со штипски регистарски таблички, и автомобил „Опел корса“ имале директен судир.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола, изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа.
„Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот“, велат од Основното јавно обвинителство – Битола.
На местото на несреќата интервенирала битолската противпожарна служба со четири возила и 10 пожарникари. Патниот правец во пладне беше затворен за сообраќај. На овој потег често се случуваат сообраќајни несреќи, особено во летниот период кога фреквентноста на возила е зголемена.
Александра Максимовска
