Инвестициски бум во патната инфраструктура
Крупни инфраструктурни зафати ја чекаат Македонија во 2014-та. Ќе се градат два нови автопати, ќе продолжат работите на Коридорот 10, ќе се модернизираат и рехабилитираат локални и регионални патишта. Вкупниот инвестициски бран е тежок над една милијарда евра.
“Тоа е огромна сума на пари, огромна одговорност за градежните компании од Македонија”, изјави Сеад Кочан, претседател на градежна комора при ССК

Автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ќе се градат со кинески пари. Кредитот кој ќе треба да го отплатиме во рок од 20 години, е со петгодишен грејс период и каматна стапка од 2 процента.
Двата нови автопати ќе ги гради кинеската компанија Синохидро. Таа е должна за половина од предвидените работи да ангажира подизведувачи од Македонија и македонски градежни работници, а и половина од градежните материјали да ги набави од земјава.
За Миладиновци – Штип ќе подигнеме 206 милиони евра, за Кичево – Охрид 374 милиони, а 10 насто од средствата за изградба ќе се обезбедат од државниот буџет.
“Цената паѓа во втора план. Бенефитот, односно користа што тие ја носат е многу поголема од она што сега се вложува во нив”, изјави Горан Марковски, професор на Градежен факултет
“Сообраќајот ќе биде побезбеден, поквалитетен и пофункционален”, изјави Томе Јаневски, раководител на ЈП Македонија пат - Велес
Проектите се комплексни. Предвидуваат изградбата на тунел, мостови, клучка, обиколница... Според проценките за изградбата ќе бидат потребни околу 2000 луѓе.
“Се плашам дека вакуумот што се создаде од недостатокот на крупни инвестиции изминативе 20 години се рефлектира во тоа што сега имаме недостаток на доволно обучен инженерски кадар за вакви сериозни инфраструктурни проекти”, изјави Горан Марковски, професор на Градежен факултет
Оттука и проценката дека во 2014-та, македонската градежна оператива ќе биде пред сериозен предизвик.
Мартин Пушевски