Очекувано, но битно!
И официјално од вчеравечер ракометарките на Вардар СЦБТ се шампионките на Македонија. Тие во еден рутиниран натпревар како впрочем и поголем, ако не и цел дел од првенствената сезона го сторија и против својот сестрински тим ”само“ Вардар, 37:11.

Со овој трофеј тие го одбранија приматот на владетелки на македонска ракометна територија, врзувајќи ги за првпат двата трона во една сезона (Куп и првенствен). Така и официјално вардарки се промовираа како учеснички во Лигата на Европските Шампионки за следната сезона, каде како и оваа, целта е да се атакува на највисоко.