МВР
Приведен бегалец, осуден на казна затвор од 15 години
24.07.2023 16:31
Денеска од страна на полициски службеници од тим Потраги од Одделението криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен е од слобода Ш.А.(37) од Скопје...

Денеска од страна на полициски службеници од тим Потраги од Одделението криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен е од слобода Ш.А.(37) од Скопје.
За него била распишана централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово, каде издржувал казна затвор во времетраење од 15 години.
Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
