Регион

Не стивнуваат пожарите во Грција, предупредувања се издадени за пет региони

24.07.2023 17:41

Евакуации се спроведуваат на североисточната страна на островот Крф и во северен Пелопонез. На терен се вклучени екипи, авиони и хеликоптери од неколку европски земји, како и приватни пловила...

Не стивнуваат пожарите во Грција. Предупредувања се издадени за пет региони. Досега се евакуирани повеќе од 30.000 луѓе.

Евакуации се спроведуваат на североисточната страна на островот Крф и во северен Пелопонез. На терен се вклучени екипи, авиони и хеликоптери од неколку европски земји, како и приватни пловила.

Температурата во оваа медитеранска земја и натаму се движи околу 40 степени Целзиусови.