Македонија

Демолиран автомобилот на портпаролката на ВМРО ДПМНЕ, Митева

24.07.2023 16:31

Демолиран автомобилот на гласноговорничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа соопшти дека утрово го затекнала нејзиното „фолксваген поло“ оштетено на паркингот пред зградата...

Демолиран автомобилот на гласноговорничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа соопшти дека утрово го затекнала нејзиното „фолксваген поло“ оштетено на паркингот пред зградата.

Според неа, некој се обидува на овој начин да и испрати заканувачка порака, но вели, нема да успеат и ќе има одговорност. СДСМ го осуди вандалскиот чин.

Оттаму ги повикаа надлежните институции целосно да го расчистат случајот, бидејќи е во спротивност со вредностите на македонското демократско општество.