Собрание

Денеска почнува комиската расправа за уставните измени

25.07.2023 08:35

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е и претседател на Комисијата за уставни прашања, ја закажа седницата за денеска откако пред точно една недела Владата даде зелено светло за предлог-уставните амандмани кои претходно ги подготви работната група за уставни измени во рамки на Министерството за правда.

Седницата на која како единствена точка на предложениот дневен ред ќе се најде предлогот за пристапување кон измена на Уставот, треба да почне во 10 часот. По усвојувањето на дневниот ред, се очекува премиерот Димитар Ковачевски во 30-минутно обраќање да го образложи предлогот. Најавите се дека пријавени за збор ќе има од сите пратенички групи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е и претседател на Комисијата за уставни прашања, ја закажа седницата за денеска откако пред точно една недела Владата даде зелено светло за предлог-уставните амандмани кои претходно ги подготви работната група за уставни измени во рамки на Министерството за правда.

За денеска во 10 часот е закажана седницата на Комисијата за уставни прашања во Собранието на која, како единствена точка на предложениот дневен ред, ќе се најде предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

По усвојувањето на дневниот ред, се очекува премиерот Димитар Ковачевски во 30-минутно обраќање да го образложи предлогот. По него, за збор ќе може да се јават членовите или нивните заменици на ова собраниско тело, по што ќе може да се обратат и други пратеници.