НБА Лига, финале на Западната конференција

Сан Антонио убедлив против Оклахома

20.05.2014 12:12

Сан Антонио поведе против Оклахома Сити со 1-0 во западното финале на плеј-офот во НБА лигата, со ноќешната победа од 122-105. Спарс го искористија неиграњето на Серж Ибака и успешно го напаѓаа рекетот на Тандер, создавајќи предност уште во првото полувреме. Убедливиот резултат е најава за можна брза разврска на серијата „прв до четири“, ако Оклахома не најде брзо решение за проблемите коишто Сан Антонио рано ги детектираше и вешто проитираше од нив.

Клучната разлика Сан Антонио ја направи кон крајот на третиот период со серија од 10-0, по што епилогот на мечот не беше доведен во прашање. Највисоката предност во финишот беше и 23 коша.

Тим Данкан со 27 поени и со седум скокови беше прво име во редовите на Спарс, Ману Џинобили уфрли 18, а Тони Паркер придонесе со 14 поени и со 12 асистенции. Забележлив ефект имаше и Дени Грин со 16 поени.

Кај Тандер, Кевин Дурант постигна 28 коша, а имаше и девет скокови и пет асистенции. Расел вестбрук оствари 25 поени, седум асистенции и пет скокови. Ветеранот Дерек Фишер заврши со 16 коша.

Пред преселбата во Оклахома Сити, и вотиор финален натпревар ќе се одигра на теренот на Сан Антонио.