Продолжува комисиската дебата за данокот на солидарност
За Предлог законот за данок на солидарност се поднесени три амандмани. На првиот ден од дебатата, вчера, беше одбиено барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за овој закон да се одржи јавна расправа.

За Предлог законот за данок на солидарност се поднесени три амандмани. На првиот ден од дебатата, вчера, беше одбиено барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за овој закон да се одржи јавна расправа.
Опозициските пратеници во тек на расправата го критикуваа предлогот со став дека Владата нема право да им наметнува нови давачки на фирми кои се борат да работат чесно, како и дека никаде во Европа земјите не вовеле солидарен данок за да се оданочат компании кои оствариле профити.
Таквите тврдења ги отфрли министерот за финансии Фатмир Бесими кој посочи дека го има во Хрватска, Унгарија, Бугарија, Шпанија и во други земји на ЕУ, но и во Велика Британија која не е членка на Унијата. Предлогот закон за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.
