МВР

161 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

25.07.2023 08:46

На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштениењто на МВР.