Колонија
Македонскиот стрип во Рашка, Србија
25.07.2023 08:54
Од вчера во тек е единаесеттата меѓународна стрип-колонија „Рашка“ во туристичкиот комплекс во с. Семетеш во близина на Рашка

Од вчера во тек е единаесеттата меѓународна стрип-колонија „Рашка“ во туристичкиот комплекс во с. Семетеш во близина на Рашка, Србија. Ова наше учество е резултат на успешната соработка помеѓу стрип центарот на Македонија со седиште во Велес и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“, Канцеларијата за млади и центарот за култура „Градац“ од Рашка.
Претставнички на македонскиот стрип центар се Ангела Петрушевска и Јана Бутеска од Скопје.
