Денеска се очекува расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука
Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година...

Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера потврди дека Владата ќе расправа за концесијата и повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.
Владата требаше да расправа за спојувањето на концесиите уште минатата недела, но тоа не се случи поради тоа што министерот за економија беше на службено патување надвор од државата. Расправата ја најави министерката Тренчевска уште при нејзиното учество на протестот на граѓаните против отворањето на рудникот.
