Регион

Невреме на Балканот, земјотрес во Турција

25.07.2023 09:27

Ново невреме со грмотевици и ветришта од 100 километри на час синоќа ја зафати Словенија и дел од Хрватска. Во Турција нов земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Адана...

Ново невреме со грмотевици и ветришта од 100 километри на час синоќа ја зафати Словенија и дел од Хрватска. Паѓаше и град со големина на орев. Хрватските пожарникари цела ноќ гасеа и пожари во близина на Дубровник кои се закануваа да ги пеплосаат куќите во близина. Црвен метеоаларм е огласен и на територијата на истокот и југоистокот на Србија.

Во Грција и натаму продолжува битката со пожарите на Крф, Евија и Родос. Ситуацијата на Родос е подобрена поради тоа што нема силен ветер, но и натаму е критично. Поради пожар во текот на ноќта затворен и аеродромот Палермо во Италија.

И додека на Балканот беснеат пожари и невреме, во Турција нов земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Адана. Засега нема информации за евентуални штети и жртви.