Карпош се приклучи кон акцијата за собирање помош на настраданите од поплавите во регионот
20.05.2014 12:24
Од денеска хуманитарна помош за настраданите во полавите во Србија и во БиХ ќе се прибира на 10 брендирани штандови со натписот од Општина Карпош коишто ќе бидат поставени пред големите супермаркети во општината.

Од денеска хуманитарна помош за настраданите во полавите во Србија и во БиХ ќе се прибира на 10 брендирани штандови со натписот од Општина Карпош коишто ќе бидат поставени пред големите супермаркети во општината.
Штандовите се лоцирани пред Кам маркет- Влае1, Кам маркет-Влае 2, Тинекс маркет-Карпош4 и Тинекс маркет-Карпош3, на платото во Летпокарија и платото на Млечен ресторан, Тинекс макрет-кај Драмски театар, СП маркет-кај Карпош1, Тедико маркет-Тафталиџе1(во близина на ресторан 14-ка) и на платото пред Сити мол пред Плеј кафе.
Штандовите дополнително се поставуваат со цел да им се олесни на граѓаните кои непосредно пазарат, да ја достават својата хуманитарна помош за поплавените граѓани во Србија и БиХ и на кои им е проблем помошта да ја пренесат до пунктовите во урбаните заедници или во Општината, соопштија од Општината.
Овој трет турнус на прибирање помош за поплавените во Србија и БиХ е на иницијативата на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и во организација на Одделението за детска социјална и здравствена заштита. Штандовите ќе бидат отворени од 13 до 18 часот, се додека има потреба.
