Украина

Сирените за тревога повторно се огласија во Киев

25.07.2023 09:29

Нови руски воздушни напад со дронови врз Киев. Украинското воздухопловство тврди дека успеале да ги соборат сите беспилотни летала...

Нови руски воздушни напад со дронови врз Киев. Украинското воздухопловство тврди дека успеале да ги соборат сите беспилотни летала. Сирени за опасност од балистички напади се огласија и во источните и југоисточните делови од земјата.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Украина ќе продолжи со нападите врз Крим и логистичките цели на непријателот, со цел да ја спречи можноста за набавка на муниција и да спаси украински животи. За само една недела, Русија истрела десетици проектили и дронови врз Одеса, уништувајќи историски места на градот. Администрацијата на американскиот претседател Бајден ќе испрати нова воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе ги започне преговорите за пристапување во европската унија оваа година. Рече дека прави сè што може за „целосно да го подготви“ блокот.