Четири иницијативи за оценување на уставност и законитост на седница на Уставен суд
На дневен ред на денешната 29-та седница на Уставниот суд се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост. Уставните судии ќе одлучуваат по иницијативата со која е оспорен член 128 став 4 од Законот за вонпарнична постапка...

На дневен ред на денешната 29-та седница на Уставниот суд се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост.
Уставните судии ќе одлучуваат по иницијативата со која е оспорен член 128 став 4 од Законот за вонпарнична постапка.
Во иницијативата, меѓу другото се наведува дека оспорениот член е во спротивност со членот 30 од Уставот со кој се гарантира правото на сопственост и наследувањето и смета дека со примената на оспорената одредба се овозможува манипулирање со имотите на граѓаните и капиталот се прелева на располагање на поединци кои ги немаат тие права.
На дневен ред е и иницијативата со која е оспорен Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурнит коридор 8 делница Тетово-Гостивор-Букочани и Требеништа-Струга-Ќафасан и коридорот 10-д делница Прилеп-Битола. Пред уставните судии ќе се најдат и иницијативата со која е оспорен: Делот „за државните службеници“ од член 142 став 1 од Законот за лекови и медицински средства и член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства, како и иницијативата за член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства.
