Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведено едно лице
25.07.2023 10:02
Вчера, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(37) од Скопје...

Вчера, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(37) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
