Македонија

Oтказите во ЈП „Комунална хигиена“ се незаконски, утврдил инспекцискиот надзор

25.07.2023 10:06

Сојузот на синдикатите на Македонија извести дека од страна на Државниот инспекторат за труд, по поднесената претставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази донесена е Инспекциска мерка со која менаџментот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ...

Сојузот на синдикатите на Македонија извести дека од страна на Државниот инспекторат за труд, по поднесената претставка од вработените во ЈП „Комунална хигиена“- Скопје на кои им беа дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесена е Инспекциска мерка со која менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ,поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор.

„СУТКОЗ и ССМ очекуваат Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје на седницата која ќе ја одржи денес постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места“, стои во соопштението на Синдикатите.

ССМ апелира на дијалог помеѓу СУТКОЗ и раководството на Комунална хигиена Скопје.

Отказните решенија беа донесени од страна на директорката Косана Мазнева по штрајкот на почетокот на месецот на дел од вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје кои беа незадоволни од решенијата за отказ за кои Мазнева тврдеше дека се работи за лица кои воопшто не доаѓале на работа.