Седум гласови „против“, десет „за“, уставните измени на дневен ред на Комисијата за уставни прашања
Против беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, додека, „за“ гласаа пратениците на СДСМ...

Десет пратеници гласаа „за“ и седум „против“, а без воздржани, со што беше усвоен дневниот ред на Комисијата за уставни прашања. Против беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, додека, „за“ гласаа пратениците на СДСМ. Со ова почна процедурата за измена на Уставот, а на дневниот ред, точката гласи „Предлог за пристапување кон измена на Уставот“.
Предлагач на уставните измени е Владата, а предлогот го образложува премиерот Димитар Ковачевски.
Тој истакна дека предлогот е целосно и во насока на нашата консензуална цел – членство во ЕУ, поставена уште во 1991-ва година која денеска е мнозинска волја на граѓаните и шанса на идните млади поколенија и гарантира европска иднина. Уставните измени не го загрозуваат ниту едно идентитетско прашање, затоа граѓаните нема за што да бидат загрижени, порача Ковачевски.
