МВР
Приведени четворица крадци од Гостивар, расчистени шест кривични дела
25.07.2023 11:23
Полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, ул. „ЈНА“ и ул. „Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.

Вчера, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, ул. „ЈНА“ и ул. „Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.
Тие се сомничат дека сториле шест тешки кражби во станови. Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
