Поплави: Критични населените места покрај Сава
20.05.2014 12:48
Нови жртви во Обреновац, вкупно 14 лица, или во цела Србија 21 лице го загубија животот во овие поплави...

Седми ден како Србија го живее лошиот сон со поплавите. Најпрво циклонот Тамара направи потоп во Западна Србија, потоа се префрли во Босна и Хрватска. Сега, водената стихија преку Сава повторно се враќа во Србија.
И понатаму е критично долж Сава, во Шип, Сремска Митровица, Шабац и Белград. Синоќа кај Мали Зворник активирано е свлечиште. Цела планина е тргната кон Дрина и градот Мали Зворник е поделен на два дела. Во Обреновац и Крупањ и
понатаму е критично.
Нови жртви во Обреновац, вкупно 14 лица, или во цела Србија 21 лице го загубија животот во овие поплави.
Уништени се 80.000 обработено земјиште, собрани се 10 тони загинат добиток. Евакуирани се вкупно 31.000 лице, хуманитарната помош пристигнува од целиот свет, како и од Македонија.
Санацијата е во тек, Српската војска ги повика на помош и воените резервисти.
Оливер Бранковиќ
