Запуштените канали за наводнување го уништуваат оризот во Карбинското поле
Вода има доволно, но полињата суви. Дел од каналите за наводнување на Хидросистемот „Брегалница“ се во очајна состојба и родот се суши, велат земјоделците од Општина Карбинци. Се работи за пренасочување за да има вода за сите корисници, велат од Хидросистемот „Брегалница“...

Запуштените канали на Хидросистемот „Брегалница“ во атарот на селата Долни, Горни Балван и Крупиште, Општина Карбинци, ќе го уништат родот на оризот на околу 500 хектари, а во опасност сè уште толку. Не се прави план за наводнување на пролет, не се чистат каналите, а вода во акумулацијата Калиманци има доволно, велат земјоделците.
Доколку проблемот не се надмине, следи блокада на магистралниот пат кон Кочани. Градоначалникот на Карбинци со поддршка на земјоделците
Благојчо Богатинов, раководител на кочанската подружница на Водостопанство „Брегалница“, вели дека рестрикциите се прават за да има доволно вода за корисниците во Овчеполието и дека водата овде ќе биде стопирана до 27-ми јули.
Славица Величковска
