Над 40 жртви во БиХ, критично во Хрватска

20.05.2014 13:06

Се уште е драматична состојбата...

Во Босна и Хрецеговина е прогласен  ден на жалост. Претседателството закажана вонредна седница. Досега се евакуирани над 950 луѓе, 40 се загинати, но голем е бројот на исчезнати. Многу градови и села немаат стурја и храна, над 3.000 свлечишта се закануваат дека ќе збришат цели села.
 
Состојбата во Добој е надвор од контрола, се закануват заразни болести. Мостот кој се урна во близина на  Вишеград отсече неколку села. Граѓаните апелираат за помош. Војската почна да ги санира штетите.
 
„Во селото во кое живееме има околу 600 жители сите се евакуирани, но стоката не успеавме да ја спасиме, незнам што ќе правиме откако ќе се повлече водата“, вели еден од настраданите.
 
Алармантна е состојбата и во Хрватска, иако нивото на водата на реката Сава почнува да се намалува. Во Рајево село е лоцирана втората жртва од поплавите. Спасувачките екипите се на терен и ја контролираат состојбата со насипите кои одвај го издржуваат притисокот на водата. Доброволци од целата земја доаѓаат во загрозените подрачја да го спасат населението.
 
„Дојдовме да им помогнеме на луѓето на кои им е неопходна помош, сотојбата е многу лоша“, потврдуваат доброволците.
 
Во моментот најзагрозен е состојбата во Дреновци. Војската и жителите цела ноќ поставувале вреќи со песок за да ја спречат водата која надоаѓа. Железничкиот сообраќај е во прекин. Во некои делови продолжува евакуацијата на населението. Од целиот свет пристигнуваа помош, но според проценките на аналитичарите на земјите ќе им бидат потребни неколку години за да ги санираат штетите.
 
 
 
Марија Петковска