Во Венеција светска премиера на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција...

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски со светска премиера на 80. Издание на филмскиот фестивал во Венеција, кој ќе се одржи од 30-ти август до 9-ти септември. Ќе се натпреварува во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога. Филмот е целосно на македонски јазик. Постпродукцијата е работена во Австралија. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм, а сниман во копродукција со Полска, Хрватска, Србија, Косово, Австралија и Шведска.
Од исклучителна важност е повторното учество на македонски филм на фестивалот во Венеција. Тој е еден од најголемите амбасадори на македонската култура. Продолжува да ниже успеси и да биде рамо до рамо со европскиот и со светскиот филм, вели директорот на Агенцијата за филм.
Филмскиот фестивал во Венеција е најстариот фестивал во светот и е дел од петте најзначајни фестивали во светот од „а“ категорија, заедно со фестивалите во Кан, Берлин, Торонто и Санденс. Ова е четврто претставување на македонски автор на овој фестивал, по „Пред дождот“ во 1994 и „Прашина“ во 2001 на Милчо Манчевски, „Судијата“ во 2002 на Жанета Вангели и „Најсреќниот човек на светот“ во 2022 на Теона Стругар-Митевска.
Александра Спировска
