Не стивнуваат пожарите на грчките острови, тридневна жалост во Грција
Една недела грчките острови се зафатени од пламени јазици. Три лица загинаа, меѓу кои двајца пилоти на канадерот што се урна вчера...

Една недела грчките острови се зафатени од пламени јазици. Три лица загинаа, меѓу кои двајца пилоти на канадерот што се урна вчера. Прогласена тридневна жалост. Премиерот Киријакос Мицотакис предупреди дека претстојат тешки денови, додека пламените јазици ги зафатија куќите на локалното население, а туристите беа принудени да се евакуираат.
„Ова е катастрофа. Главниот приход на овој остров е туризмот. Ако сега имаме откажувања и луѓето од страв нема да го посетат островот – тоа ќе биде катастрофа“, вели Василис Софицис, бизнисмен од Крф.
Стотици пожарникари со помош на колегите од Турција и Словачка се борат со огнената стихија на Родос, Крф и Евија. Во Грција температурите се екстремно високи и до 45 степени.
