Фудбал

Интер Мајами ја совлада Атланта, Меси со нов рекорд

26.07.2023 09:44

Во второто коло од КОНКАКАФ Лига купот, Интер Мајами убедливо со 4:0 ја совлада Атланта, а херој на триумфот беше маестралниот Лионел Меси...

Во второто коло од КОНКАКАФ Лига купот, Интер Мајами убедливо со 4:0 ја совлада Атланта, а херој на триумфот беше маестралниот Лионел Меси. Лионел Меси постигна два гола и забележа асистенција во победата на Интер Мајами од 4:0 против Атланта Јунајтед, со што тимот на аргентинската фудбалска ѕвезда се пласираше во нокаут-фазата од Лига купот.

Аргентинскиот фудбалски мајстор продолжува да ја одушевува американската спортска јавност. Откако го постигна победничкиот гол против Круз Азул во судиското продолжување на неговиот прв настап за Интер, на вториот натпревар против Атланта Јунајтед постигна уште два погодоци и впиша асистенција, обезбедувајќи му на својот тим пласман во осминафиналето на Лига купот.

Меси веќе во осмата минута погоди за 1:0, а во 22 минута ја удвои предноста на Интер. Во 44. минута Роберт Тејлор погоди за 3:0, а во 53. минута истиот играч ја затвори приказната на асистенција на Меси.