Киев доби нова воена помош од Вашингтон
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека корупцијата во земјата нема да се толерира. Во меѓувреме САД и доставија на Украина нов пакет воена помош во вредност од 400 милиони долари...

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека корупцијата во земјата нема да се толерира. Во своето ноќно видеообраќање, ги потенцираше двата случаи, апсењето на армискиот офицер за регрутирање, обвинет за масовна проневера и заменик обвинет за соработка со Русија. Во меѓувреме САД и доставија на Украина нов пакет воена помош во вредност од 400 милиони долари, соопшти Министерството за одбрана.
„Поставивме приоритет да и обезбедиме на Украина сè што ни рекоа дека ќе им треба за контраофанзивата. Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина додека тие се спротивставуваат на руската бруталност и ја бранат својата земја сè додека тоа е потребно“, изјави портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
На фронтот жестоки битки на југот и на истокот.
