Битолската коњица „Галоп“ тргна на својот трет коњички марш „Патот на илинденците“
„Ние младите сме тие кои треба да ја негуваме традицијата, за да не се заборави нашиот македонски корен“ порача знаменосецот на битолската коњица, Ѓорѓи Стојчески, пред да ги поведе своите 12 коњаници на петдневниот коњички марш до славното Крушево...

И годинава коњичкиот марш „Патот на Илинденците“, битолската коњица го започна од платото на Офицерскиот дом. По Широк сокак граѓаните со честитки за храброста и среќен пат, а по отслужената миса во црквата Св. Архангел Гаврил, благослов и од митрополитот г. Петар.
Овојпат во коњицата нема девојки. На нивно место 13-годишниот Петар Мазаревски. Малиот комита, вели дека е подготвен и знае што го очекува.
По традиција, првата попатна станица е селото Цапари, каде е првиот поголем дочек вели знаменосецот на коњицата. Иницијаторот за воспоставување на оваа традиција, вели, секој коњички марш има нешто ново што носи до пристигнувањето во славното Крушево.
И, додека во илинденскиот дух тие ќе ги совладуваат првите потешки патеки, попладне на најамбиенталната битолска улица ќе тргне големото дефиле, кое е и воведот во овојпат 53-тото издание на републичкиот фестивал на народни ора и песни „Илинденски денови“,
Стевче Митревски
