МВР: 255 санкционирани возачи на мотоцикли
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 255 возачи.
Од нив, 162 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 56 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. За време на контролата санкционирани се и 156 други видови на сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.
