Бектеши: Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда
Владата на последната седница решила да ја поништи својата одлука од пред еден месец за спојување на двете концесии. Бектеши вели, процесот се враќа на статус-кво...

Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот „Иловица-Штука“, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Сепак, тој рече дека поништувањето на одлуката ќе има правни последици за државата.
Тој вели дека власта и народот, како причина за противењето на одлуката го даваат загрозувањето на животната средина. Сепак, Бектеши предупредува дека по два-три месеци пак може да се повтори истата ситуација.
Бектеши рече дека трајно решение, односно раскинување на договорот, може да има единствено ако се донесе акт каде што се утврдува дека одредена потенцијална инвестиција е спротивно на стандардите за животна средина.
Катерина Топалова
