Охрид

Жена од Ресен се удави во Охридско езеро

26.07.2023 14:46

Шеесет и седумгодишна жена од Ресен се удави во Охридското езеро, соопштија од СВР Охрид...

Шеесет и седумгодишна жена од Ресен се удави во Охридското езеро, соопштија од СВР Охрид.

Во соопштението до јавнсота се вели дека во близина на плажа во Струга, во водите на езерото било пронајдено безживотно тело.

Случајот го пријавиле луѓе кои во моментот се наоѓале во близина на плажата. Доктори од Здравствен дом- Струга на местото на настанот констатирале смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвнител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.