Санацијата на последиците од поплавите на Балканот ќе трае со години!

20.05.2014 13:58

Поплавена е површина од речиси 22 илјади и 900 квадратни километри...

На Балканот површината под вода е поголема од територијата на Словенија. Само во Босна и Херцеговина изнесува 13 илјади и 200 квадратни километри, во Србија површина скоро колку цел Кипар, во Хрватска 600 квадратни километри.

Поплавена е површина од речиси 22 илјади и 900 квадратни километри. Допрва ќе се анализираат податоците од штетата што зад себе ќе ја остават поплавите, најголеми  во изминатите 120 години.

Санацијата ќе чини неколку стотици милиони евра. Се проценува дека ќе бидат потребни неколку месеци, па дури и години за да се справи Балканот со последиците од оваа катастрофа.