Започнува програмата „ЕУ за чист воздух“ вредна 10 милиони евра
Денес во „Јуроп хаус“ Битола, со потпишување на проектот, започна програмата „ЕУ за чист воздух“. Со програмата се опфатени четири општини, Скопје, Битола, Куманово и Тетово, и истата ќе се спроведува до 2026. Главна цел е намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на жителите...

Започнува програмата „ЕУ за чист воздух“ вредна 10 милиони евра. Опфатени се општините Скопје, Битола, Куманово и Тетово. Во последниве години се повеќе се зголемува свеста за животната средина, вели министерката Каја Шукова. Според неа, сите заедно можеме да ги постигнеме целите и да го намалиме загадувањето на воздухот.
„Секако нема да го реши проблемот до крај меѓутоа, коишто ќе помогнат секако да се подобри квалитетот на воздухот“, изјави Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.
Проектот ќе се реализира за период од три години.
„Во следените три години во четирите градови во Северна Македонија, Скопје, Битола, Куманово и Тетово“, изјави Џулијан Волпин-претставник на канцеларијата на проектни услуги Унопс.
Градоначалникот Коњановски е задоволен што и Битола како еден од најзагадените градови е дел од проектот, и ја продолжува и продлабочува соработката со Европската унија.
„Низ спроведувањето на одредени активности можеме да придонесеме за граѓаните од целата држава Македонија, посебно овие општини кои се опфатени со проектот“, изјави Тони Коњановски - градоначалник на Битола.
Примарна цел е намалување на загадувањето на воздухот и заштитата на здравјето.
Жителите на овие градови ќе имаат придобивки од подобрените системи за греење во јавните згради, инсталирање на станици за следење на квалитетот на воздухот, како и за засадување на нови садници дрвја.
Александра Максимовска
