Експерти: Предвидениот раст на БДП за годинава е остварлив
Стабилноста на македонската економија е присутна, предиспозициите за раст се присутни, се зависи од екстерните фактори...

Предвидената стапка на економскиот раст за годинава од 3,5 до 3,7 проценти е остварлива и задоволителна за пострецесиски период и во крајна линија значи подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на среден рок доколку таа се одржи во некој подолг период, оценува професорот Димитар Ефтимовски за МИА.
„Проекцијата на стапката на раст на реалниот БДП сметам дека е остварлива и дека не би требало да има некои значителни проблеми. Стабилноста на македонската економија е присутна, предиспозициите за раст се присутни, се зависи од екстерните фактори, пред се цената на енергенсите и на храната. Овие сегменти есктремно може да влијаат врз секоја економија, па така и на нашата во однос на нејзината рамнотежа и стабилност. Меѓутоа, предиспозициите за раст се присутни и економијата би требало во следниот среден рок да расте“, потенцира Ефтимовски.
Според него, предвидено е стапката на раст на реалниот БДП за оваа година да е резултат на капиталните расходи, односно државните инвестиции и на приватните инвестиции.
