Македонија
Церемонија на одликување со Орден за заслуги
26.07.2023 21:30
Претседателот Стево Пендаровски ги одликуваше басистот Бодан Арсовски, клавијатуристот Кокан Димушевски, рок, поп и џез музичарот Влатко Стефановски и тапанарот Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Македонија...

Претседателот Стево Пендаровски ги одликуваше басистот Бодан Арсовски, клавијатуристот Кокан Димушевски, рок, поп и џез музичарот Влатко Стефановски и тапанарот Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Македонија.
Бодан, Кокан, Влатко и Гарабет се сметаат за основачи на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.
