Синоќа во Битола свечено отворено 53-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и ора „Илинденски денови“
Со познатото комитско во изведба на КУД Илинден синоќа во Битола се отвори 53-тото издание на Републичкиот фестивал на народни песни и ора „Илинденски денови“ На шесте фестивалски вечери ќе настапат околу 1.200 учесници од десетина земји од неколку континенти...

Битола уште еднаш ја пречека светската култура и традиција. Во големото дефиле по широк сокак околу 1.200 учесници од десетина земји од неколку континенти. На сцената на платото од офицерскиот дом по традиција први игроорците на КУД Илинден со изведба на познатото комитско. За градот домаќин, тоа е фестивал традиција кој ги руши бариерите.
Фестивал кој е членка на ЦИОФФ, каде има сто држави членки и на светско ниво опфаќа околу 300 фестивали од највисок ранг на организација.
„Овде во Македонија во Битола, се одржува еден од тие фестивали кој како и останатите ЦИОФФ Фестивали кои даваат прилика да ја поддржиме културата и традицијата и пријателството“, изјави 3енрихмердиќ – претседател на јужноевропскиот сектор на ЦИОФФ.
Фестивалот за отворен го прогласи Горан Мисовски, подпретседателот на Собранието кое е и покровител.
На повеќе локации во градот ќе биде разиграно и распеано до 31 Јули кога и ќе се спишти завесата на годинешново издание.
Стевче Митревски
