In memoriam
Почина ирската пејачка Шинејд О’Конор
27.07.2023 09:22
Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст. Нејзината смрт беше потврдена од „Ајриш тајмс“, а причината сè уште не е откриена.

Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст. Нејзината смрт беше потврдена од „Ајриш тајмс“, а причината сè уште не е откриена.
Пејачката се стекна со меѓународна слава по објавувањето на нејзиниот прв албум, „The Lion and the Cobra“, во 1987 година. Потоа, следеше уште поуспешен втор албум со наслов „I Do Not Want What I Haven’t Got“.
Во 1990 година нејзината слава беше уште поголема, откако ја изведе легендарната преработка на песната „Nothing Compares 2 U“ на Принс, која пејачот ја објави во далечната 1985 година со неговата група „Д Фемили“.
Фото:/ Facebook
