Италија

Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија

27.07.2023 09:41

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, во фокусот на разговорите ќе бидат конкретните начини за унапредување на соработката и поддршката на имплементацијата на паневропскиот Коридор 8...

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, каде заедно со потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел и министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка ќе одржат квадрилатерален министерски состанок во Бриндизи.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат конкретните начини за унапредување на соработката и поддршката на имплементацијата на паневропскиот Коридор 8, што ги поврзува Јадранското и Црното Море.