ЕВРОПА
Високите бранови во Црна Гора усмртија пливач, во Словенија снег, во Грција и натаму активни пожари
27.07.2023 10:05
Новото невреме во Словенија донесе и снег на дел од планинитеа. Во Грција, на две различни локации се пронајдени јагленосани тела, жртви од пожарите кои и натаму се активни на неколку места...

Триесет и едногодишен маж загина кај Тиват од високите бранови во кои беа повредени уште три лица. Состојбата на море поради силниот ветер се уште е ризична.
Новото невреме во Словенија донесе и снег на дел од планините.
Во Грција, на две различни локации се пронајдени јагленосани тела, жртви од пожарите кои и натаму се активни на неколку места. Активни жаришта и во Истанбул, Турција.
