ОН бараат Русија да запре со напади врз инфраструктура за храна и цивили
Руските проектили уништија црква и неколку историски објекти во Одеса. Во нападот имаше и загинати и повредени...

Советот за безбедност на ОН инсистира Русија да запре со нападите врз локациите со храна и со културолошка вредност. Руските проектили уништија црква и неколку историски објекти во Одеса. Во нападот имаше и загинати и повредени.
„Да се цели намерно кон инфраструктура која служи за извзоз на храна до останатиот дел од светот е закана за животот на милиони луѓе на кои им е потребен пристап до храна. Овие напади врз украинските објекти за извоз на житото, како и нападите врз цивилите и нивната инфраструктура се неприфатливи и мора веднаш да запрат“, изјави Калед Киари, помошник генерален секретар за Блиски Исток, Азија и Пацификот.
„Светот ја плаќа цената на руските варварски напади. Да не ги обвинуваме двете страни. Само едната, само една земја ја корисит храната како оружје“, изјави Линда Томас Гринфилд, постојан претставник на САД во ООН.
Рускиот претседател Владимир Путин домаќин на самит на шефови на африкански држави во Санкт Петербург. По повлекувањето на Москва од договорот за извоз на украинско жито, овој континент се соочува со сериозни последици.
Во меѓувреме, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се сретна со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, којшто е во посета на Пјонгјанг. Двете страни ветија зајакнување на соработката. Шојгу му предал на Ким писмо од рускиот претседател Владимир Путин.
