Свет

Државен удар во Нигер, војската го зароби претседателот

27.07.2023 10:06

Суспендирани се сите институции, границите на државата се затворени. Претседателот Мохамед Базоум е задржан во палатата во главниот град Ниамеј од претседателските гардисти...

Армијата во западноафриканската држава Нигер изврши државен удар. Суспендирани се сите институции, границите на државата се затворени. Претседателот Мохамед Базоум е задржан во палатата во главниот град Ниамеј од претседателските гардисти.

„Силите на одбраната и безбедноста, реобединети како Национален совет за обезебдување на државата одлучи да му стави крај на досегашниот режим. Ова е резултат на континуираното деградирање на безбедносната ситуација, лошата економска и општествена политика“, изјави полковник-мајор Амаду Абдраман, портпарол на пучот.

Претседателот Базоум се огалси на Твитер. Напиша: Успесите постигнати со многу труд ќе бидат зачувани. Нека бидат сигурни во тоа сите Нигеријци кои ги сакаат демократијата и слободата.

Африканската унија и западноафриканскиот регионален блок ЕКОВАС го осудија, како што го нарекоа, обидот за државен удар, повикувајќи ги бунтовниците да го ослободат Базоум и да се вратат во нивните касарни. Исто барање и од САД, осуда и од ЕУ и ОН.