Жителите на Слупчане со листа на барања до ЕВН
Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволија на екипите на ЕВН да влезат во селото. Без струја се шест околни села од Општина Липково, а неколку часа без струја беше и граничниот премин Табановце...

Жителите на липковско Слупчане повторно не им дозволија на екипите на ЕВН да влезат во селото. Без струја се шест околни села од Општина Липково, а неколку часа без струја беше и граничниот премин Табановце.
Тие доставиле официјално барање до компанијата преку кое бараат да им се прости долгот за струја. Меѓу барањата се, и да не им се фактурира ништо над 3.000 денари, без оглед на потрошеното. Во дописот е наведено и дека не дозволуваат мерните уреди да се поставуваат надвор од домовите. Условуваат и цената на нов мерен уред да биде 6.000 денари.
Мештаните на Слупчане изминатиов период не дозволуваа екипите на ЕВН да влезат во селото и да ги санираат дефектите. Интервенираа министерот за економија и градоначалникот, по што беше склучен договор. Според статистиката на компанијата, дури 80 насто од потрошената струја во ова село, не е наплатена.
