Охридско лето

Велешкиот тетатар со претставата „Едвард Втори“ премиерно на Охридско лето

27.07.2023 11:17

Премиера на Охридско лето, во театарската програма ќе има Велешки театар со претставата „Едвард Втори“ во режија на Украинецот Андреј Жолдак, а по текст на Кристофер Марлоу...

Велешкиот театар подготвува премиера, која ќе биде изведена на годинашново Охридско лето. Претставата „Едвард Втори“ е дел од театарската програма на оваа манифестација. Режисер е Украинецот Андреј Жолдак, кому ова е трета постановка во македонските театри. Работена е по текст на Кристофер Марлоу.

Претставата „Едвард Втори“ е работена како дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив, насловен како „Манифест“. Главната машка ролја ја толкува гостинот од Бугарија, Борис Крстев, а женската е на Јована Миладинов.

„Едвард Втори“ е втора годинешна премиера финансирана од Министерството за култура, а трета на Велешки театар годинава. Премиерата во Охрид е на 6-ти август, во Велес на матичната сцена на 9-ти септември, а истата ќе биде прикажана и во Пловдив на 14-ти септември.

 

Петар Печков