Пратенички прашања во законодавниот дом
Во фокусот на седницата за пратенички прашања, концесијата за Иловица – Штука и опожареното возило што го управувал Груби. Опозицијата обвини дека владејачкото мнозинство го опструира системот, не одговара на нивните прашања…

Опожареното возило на вицепремиерот Груби и концесијата за рудниците Иловица-Штука во фокусот на пратеничките прашања. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ праша, до каде е постапката за запаленото „Ауди“ кое го управувал вицепремиерот, и дали ќе биде отворена истрага, на што јавниот обвинител Јовевски одговори дека во тек е прибирање на доказите за случајот. По низа негативни забелешки за работата на првиот човек во Јавното обвинителство, Ковачки го праша Јовески, кога ќе си поднесе оставка. Тој пак, од говорницата порача дека такво задоволство нема да му овозможи.
Пратеникот Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот, зошто Владата дозволила спојување на концесиите кога веќе имало сознанија дека граѓаните се против отворање на рудникот и зошто досега истата не е поништена. Ковачевски одговори дека концесиите се потпишани во времето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека прашањата се упатени на погрешно место.
Опозицијата со обвинување дека не функционира системот, дека опозицијата се опструира со тенденциозно неодговарање на нивните прашања, ниту од собраниската говорница, ниту пак писмено, како и дека се кратат седниците за пратенички прашања со цел на премиерот да му се даде време да не одговара на незгодни прашања.
Марина Стојанова Тонева
