Македонија

Не запираат реакциите за рудникот „Иловица“

27.07.2023 16:42

Од СДСМ велат дека Владата им излегла во пресрет на граѓаните со тоа што ја повлече одлуката за спојување на двете концесии. Според опозицијата, самата власт го создала проблемот за сега да се прикажува дека го решава...

Не запираат реакциите за рудникот „Иловица“. Од СДСМ велат дека Владата им излегла во пресрет на граѓаните со тоа што ја повлече одлуката за спојување на двете концесии. Според опозицијата, самата власт го создала проблемот за сега да се прикажува дека го решава.

Активистите од „Здрава котлина“ бараат укинување на концесиите поради неисполнување на обврските коишто ги има инвеститорот.

Од компанијата „Еуромакс“ велат дека ваквиот преседан внесува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото. Не ја исклучуваат можноста од меѓународна арбитражна постапка.