УНХЦР: Најмалку 10.000 луѓе раселени од почетокот на кризата во Украина

20.05.2014 14:52

Најпогодена е заедницата на кримските Татари...

Најмалку 10.000 луѓе се раселени од своите домови од почетокот на укрианската криза, а најпогодена е заедницата на кримските Татари, објави денеска агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР).
 
„Раселувањето во Украина почна пред референдумот на Крим во март и оттогаш постепено се зголемува. Поголемиот број на раселени по потекло се Татари, иако локалните власти објавија дека неодамна се зголеми и раселувањето на Украинците, Русите и мешаните семејства“, изјави Адријан Едвардс од УНХЦР.
 
Тој наведе дека поголемиот број од 10.000 луѓе се интерно раселени.
 
„Бројот на Украинци кои бараат азил во другите земји и натаму е мал“, посочи Едвардс.