МВР

Кривична за охриѓанец – без одобрение си доградил куќа во Трпејца

27.07.2023 20:55

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(63) од охридското село Трпејца...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(63) од охридското село Трпејца.

При вонреден инспекциски надзор, извршен на 05.06.2023, било констатирано дека тој извршил доградба на индивидуална семејна куќа од тврда градба во селото без да поседува одобрение за доградба, издадена од надлежен државен орган.