Временска прогноза

Сончево со слаб умерен ветар

28.07.2023 08:09

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец...

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 17, а максималните ќе достигнат од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 13, а максималните ќе достигнат до 33 степени.